Ксамил, местото со бели плажи, евтино пиво и гиро и оваа сезона гарантира супер одмор (ФОТО)

19250336_10211139683702376_1969769910_o

Албанија во изминатите години е супер примамлива дестинација за македонските туристи, особено излетничките места на Јонското море, Ксамил и Саранда. Белите песочни плажи, тиркизната морска вода и екстра евтините цени за смештај, јадење и пијалок, како магнет ги мамат Македонците и оваа сезона. Маркукуле ексклузивно од Ксамил ви ја пренесува сликата од плажите, кои ќе освојат сечиј поглед.

19244419_10211140389520021_496634866_n

Патувањето до тука  иако е долго, сепак не е напорно доколу до оваа дестинација се движите преку соседна Грција. После 57 тунели низ грчкиот автопат ќе ја преминете границата. На прв поглед нема многу да се воодушевите, но како што наближувате кон морето впечатокот ќе ви се промени. Стигнувате најпрво до Саранда, место со луксузни хотели, средено, чисто, место со вкусна храна и гостопримливи домаќини.

19357758_10211139592540097_339870422_n

19369728_10211139598140237_724378188_n

На прв поглед имате се’ што ви треба за одличен одмор. Сепак недостаток на ова место е тоа што нема голема понуда за ноќните часови. На 10-тина минути возење се наоѓа местото со тиркизна вода и песочни плажи, Ксамил. Ќе се почувствувате дека се наоѓате во некое грчко село, нема ни да помислите дека сте во Албанија.

19369455_10211139594100136_1579192916_n

Цената за апартман се движи од 15-30 евра за 4 лица, а за кревет од 6-12 евра, сместување за кое кај јужниот сосед би платиле и дупло повеќе. Тука гирото е далеку поевтино и можеби подобро и од Грција, имате пиво за 60-70 денари на плажите, а кафето се движи од 30-50 денари.

19369717_10211139598740252_1161264124_n

Неколкуте острови во морето дополнително ви создаваат пријатно чувство, а во далечината се гледа и Крф, каде можете да стигнете преку пристаништето во Саранда.

19251331_10211139599300266_1329468082_n

Она што изненадува е вистинското гостопримство на кое ќе наидете, едноставно во секој маркет, ресторан и кафуле ќе бидете пречекани со насмевка, а на крајот благодарно ќе ви кажат “фала”.

19239521_10211139592580098_1680500212_n

Наша препорака е да пробате албанско пиво “Тирана”, да ја посетите најпознатата плажа во Ксамил “Бора Бора”, да се повозите со кајче низ тиркизното и секогаш топло Јонско Море, а во вечерните часови да пробате “Скендербег”, благо бренди кое со сигурност ќе ви годи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.