Крушевчани ве повикуваат на литературно дружење со Горјан Петрески

Почитувани, на наше големо задоволство, овој понеделник ќе бидеме домаќини на реномираниот македонски писател за деца и млади Горјан Петрески, еден од омилените писатели на многу генерации ученици.
Ќе се дружиме со ликовите на Марта, Споменка, Симеон, Теодора, Ангел и Ана, истовремено потсетувајќи се на вредностите како почит, добрина, доследност, посветеност… живеејќи ја првата љубов, младешкиот копнеж, тагата и солзите…
Оваа средба е во соработка со ООУ “Никола Карев” Крушево, како дел од активностите за збогатување на културните и едукативните активности во нашиот град, како и промоција на читачката култура меѓу младите, во чест на Светскиот ден на литературата за деца и млади.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.