Крушево секојдневно се уредува, механизацијата на ЈП Комуна речиси и да не мирува во изминатите два месеци. Најново сега, започна уредување на банкините и обезбедување на повеќе паркинг места, информираше на социјалните мрежи градоначалникот Нико Чонески.
Toj упати благодарност до ЈП Комуна, а најновата акција е со цел подобра организација, поголема безбедност и поуреден град за сите граѓани и посетители.
























