Крушево: Не турале сол за да не ги оштетат бекатон плочките, а човек лежел беспомошно на мразот – брзата помош едвај стигнала до него

Фејсбук статус на Алекс Пупи Стефановски, лекар во ЈЗУ Здравствен дом Крушево

Апел до надлежните во о. Крушево. Иако во изминатиов период се изнаслушавме дека сме ваква, таква, дестинација. Да ве известам дека оваа вечер екипата на ИМП – Крушево, имаше повик на улицата која е на сликите,за паднато лице.

Ние како екипа немавме можност да стигнеме до местото бидејки цела улица беше со мраз, лицето безпомошно лежеше на мразот, за на крај да моравме да побараме чорапи од куќата во близина, да ставиме над нашите чизми и да фрлиме неколку лопати земја, за да стигнеме до лицето, имајќи предвид дека требаше да ја застанеме носилката и потоа да го однесиме до комбето, незнам ова како ви звучи, но жално е.

Од луѓето кои излегоа да ни помогнат слушнавме дека неколку пати било апелирано да се фрли сол но им било одговорено дека ќе се оштетат бехатон коцките, зарем човечкиот живот е поефтин од коцките, кои може да се заменат.

По оваа улица може само да се лета, но не и да се оди.Ако планиравте утре да ја посолите улицата, касно е. Човекот е веќе во болница. Но на неговото место можеше да биди секој од нас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.