Крстески: “Moлк од OJO за caла “Maкедониja”, a Унивepзална е целocно нефyнкционална” (Видео)

Веќе три недели од Градоначалникот и од ОЈО чекаме одговор за искажаниот сомнеж за криминал во салата “Македонија”. Самото молчење значи ли потврда дека сте фатени со рацете во медот? – праша на денешната прес конференција Александар Крстески од Комисијата за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Ова место и овој објект зад нас добро им е познат на Илија Јованоски и на спортистите, а сегашни функционери, кои се сликаа пред него во 2017-та и ветуваа дека ова ќе е најубавата спортска сала во Македонија.

Искрено, овде не ветија затворен базен, ама ветувањата за стипендии, пензии, субвенции, награди за спортистите, ги расфрлаа со зборови од улога на опозиција. Само лага до лага!

Нефункционалноста на овој објект придонесува за уништувањето на градскиот спорт.

Светски ракометни, кошаркарски и фудбалски легенди имале можност да се натпреваруваат овде пред “пеколната” прилепска публика.

За жал денес и единствениот и понижен од oпштината прволигаш РК “Прилеп” не може да се натпреварува во оваа сала.

Последниот сериозен зафат овде беше пред 11 години кога “Жито Прилеп” целосно ја реконструираше оваа сала.

Градоначалниче…не ретко ве гледавме со топка во рака пред избори како глумите љубител на спортот. Денес во вашата рака треба да мафтате со список на уништени објекти, спортови и клубови во Прилеп. Нeме ни 10 квадрати нова, или реконструирана спортска површина во градов.

Јавноста заслужува да знае на кои клубови им беа доделени парични средства и дали истите клубови постојат и се активни како такви.

Се обврзуваме во иднина да преиспитаме каде завршиле парите на спортистите. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, а парите ќе бидат вратени кај вистинските спортисти.

Казната стасува во октомври. Нема спортист кој не е згрозен од вашиот начин на работа! Ќе го вратиме спортскиот дух во Прилеп!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.