Кривична пријава за прилепчанец: Со нож нападнал неколку лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против М.Т.(58) поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 16.05.2018 година во село Големо Коњари, прилепско, пријавениот со дрвен стап, физички нападнал 30 годишно лице од Р.Албанија, по што, со нож, се обидел физички да нападне уште две лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.