Кривична пријава за прилепчанец поради напад на службено лице

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против К.И.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 18.09.2018 година во 01.45 часот во Полициската станица Прилеп, полициски службеник пријавил дека на 17.09.2018 година околу 22.50 часот на улица „Борка Талески“ во Прилеп, при преземање службени дејствија, бил физички нападнат од К.И.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.