Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.Б.(44) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Пријавениот на 16.03.2020 остварил влез во државата на Граничен премин „Табановце“ и потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена.
На 25.03.2020 на ул.„Богомилска“ во Прилеп, при извршена контрола од полициски службеници, било констатирано дека истиот не бил пронајден на адреса која била наведена во изјавата како место на кое ќе ја спроведува самоизолацијата – информираат во дневниот билтен на МВР.