-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С.(32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.02.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле преглед врз едно лице, при што бил пронајден и одземен метамфетамин, кој гo набавил од пријавениот. На 17.04.2025 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, сопственост на А.Н. и уште едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавиле од пријавениот – информираат од МВР.

























