Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, тргна по стапките на својот никогаш незаборавен вујко, кој секогаш му беше голем предизвик, пишува српски “Курир”.
Kристијан денеска има 20 години и е студент на Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје. Пред две години, му се укажа прилика да соработува со британскиот продуцент и соработник на Тоѓе, Енди Рајт, па отпатувал во Лондон.
Се сеќаваме дека Тоше и сам го виде талентот на својот внук, па сними и дует со него. Во прашање е песната “Му Little One”, која се најде на постхумниот албум на Тоше Проески на англиски јазик, “The Hardest Thing”.