Бразилскиот фудбалер Диего, најпознат по настапите во дресот на Вердер, а подоцна и во Јувентус, Волфсбург и Атлетико Мадрид, претрпи стравична повреда на ногата, која веројатно ќе значи крај и на неговата кариера, со оглед на тоа дека Диего веќе наполни 34 години.
Диего со неговиот тим Фламенго играл против Емелек во Копа Либертадорес, а во 70-та минута бил фаулиран од Аројо. Диго заработил тешка повреда на лигаментите и прелом на зглобот, а Аројо не добил ниту жолт картон.
Бразилецот после настапите за Сантош, Порто, Вердер, Јувентус, Волфсбург, Атлетико Мадрид и Фенербахче потпиша за Фламенго во 2016 година.
FORÇA, DIEGO! Veja o momento em que o camisa 10 do Flamengo sofre a lesão, contra o Emelec! O jogador está com suspeita de fratura na perna esquerda. #LibertadoresFOXSports pic.twitter.com/3Dc3JvttxK
— FOX Sports Brasil (@FoxSportsBrasil) July 25, 2019