Коњче кое живеело пред 40.000 години пронајдено во кратер на Сибир

Коњче кое живеело пред 40.000 години во одлично зачувана состојба било пронајдено во Сибирската област Јакутија.

Коњчето било во толку добра состјба што на него сеуште стоеле косата, опашката и голем број од внатрешните ограни, известува “Siberian Times”.

Областа Јакутија е позната по фосилните пронајдоци, па поради тоа голем број истражувачи, научници и археолози се постојано присутни таму.

Се претпоставува дека животното било три месеци старо кога починало.

“Ова е прв пронајдок на коњ на толку рана возраст од праисториско време и е одлично зачуван”, вели Семјон Григиев, директор на Музејот на мамути во градот Јакутск и еден од членовите на експедицијата.

Фосилот на коњ бил пронајден во кратерот Батагаи.

The Batagai depression




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.