Денес со гордост зборуваме за проект кој ќе го промени спортскиот живот во нашиот град. Реконструкцијата и изградбата на центарот за спорт и рекреативни активности, познат како поранешната боксерска сала, вели градоначалникот на Битола и кандидат за уште еден мандат, Тони Коњановски.
-Овој повик е поддржан во првиот повик на Владата на Република Македонија за капитални инвестиции минатата година. Денес, веќе се гради модерен објект, од над 1000 квадратни метри, вреден повеќе од 40 милиони денари, кој ќе стане вистински дом за нашите спортисти и млади. Новата сала, ќе им овозможи на нашите боксери, да тренираат во современи услови, а дополнително ќе има и карпа за качување за сите љубители на авантуристички спортови, вели Коњановски.
„Со овој проект, градиме иднина, создаваме простор, што ќе ги поттикне младите за спорт, здрав живот и заедништво. Од една поранешна руина, ќе изградиме објект, што ќе биде симбол на енергија, дух и амбицијата на новиот град. Вистински избор е да инвестираме во спортот, во младите. Вистински избор е да инвестираме во иднината“, посочи тој.