Кој e мистериозниот директор/ка од Прилеп со нечовечки манири?

Скандалозен случај од образовна институција во Прилеп ја бранува јавноста, откако Павлинче Матеска објави статус на социјалните мрежи во кој опишува понижувачки однос кон вработен пред пензија.

Според напишаното, станува збор за настан во кој вработен со долгогодишен стаж бил оттурнат од работното место токму на денот кога требало достоинствено да се пензионира.

Статусот на Матеска го пренесуваме во целост во продолжение:

„ОВА СЕ КАДРИТЕ ОД ТИМОТ!? Ова ви се случува по образовни институции? Вие сеуште немате разбрано за случката? Повеќе од 15 години работиш во институција. Денес ти е последен работен ден – си заминуваш во пензија. Купуваш благо, солено, носиш на работа да ги почестиш колегите. Те вика директорот во канцеларија и ти вели за две минути да си заминал одовде. Ти културно враќаш да се поздравам со колегиве и ќе си заминам. Директорот го фаќа хистерија, почнува да урла по ходници и вика полиција. Ама се си може – директор од партија го донеле да се изживува врз вработени оти институцијата личен нивни имот е. Какви личности водат образовни институции!“

Засега не е познат идентитетот на директорката на која се однесуваат обвинувањата. Јавноста со право прашува – дали ќе има одговорност и кој стои зад ваквиот однос во образовниот систем во Прилеп?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.