Силно невреме пропратено со грмежи, град и силен дожд ја зафати Германија. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои на прв поглед изгледа како густа снежна покривка да ги прекрила улиците на градот.
Се гледа белиот слој на град кој за краток временски период порасна околу 30 сантиметри.
Reutlingen vor 3 Stunden. 20 Minuten von hier weg. Hoffe @Karl_Lauterbach ihr Hitzeplan wirkt ??♀️ … Heißester Sommer seit 1000en Jahren, jaaa klar. pic.twitter.com/IAjUG5MJuc
— Nici ?? (@grootyfirst1) August 4, 2023
Речиси цела Европа се справува со тешките временски услови деновиве. Наглиот пад на температурите, како и временските непогоди кои го зафатија регионот Венето, донесоа снег на врвот Мармолада во Италија.
Минималната температура беше минус шест степени, додека дневната не се искачи над четири. Во котлината температурата се намали за повеќе од десет степени, а целиот регион беше зафатен од лошо време, невреме и обилни дождови.