Кој човек има толку сурово срце: На прилепчанец во една недела му отруле три кучиња

Семејството Аврамоски од Прилеп во една недела ги изгуби своите три миленици.

Според она што ни го раскажаа непознат сторител намерно со затруени колбаси ги отрул кучињата.

Пред една недела прво им го отруле најмалото куче кое било мелез од расата боксер, а веќе во средата и 9-месечниот загар.

Аврамоски ни кажаа дека им останала само мајката на малото куче, но веќе вчера била затруена и таа.

Немилиот настан кој го потресил семејството на улицата “Митко Цветаноски” бр.73, е за секаква осуда и е нехуман во секоја смисла.

Аврамоски не знаат кој го сторил грозното дело и бараат истиот да биде пронајден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.