На Фејсбук групата “Mиленичиња, улични и домашни”, објавени се фотографии од бојадисано маче во жолта боја, кое било врзано и оставено прегладнето и жедно.
Ова не е прв ваков случај на изживување кон животни во градот. Вакво нешто неодамна се случи и на градскиот плоштад во центарот на градот.
Мачето било пронајдено од активисти за заштита на животните и сега закрепнува.