Кабли, гуми и разноразен друг отпад се гори на потегот кај Дабница во Прилеп, за пуст бакар… и така со години. Црни облаци од чад уште рано наутро се креваат над градот под Марковите Кули, прилепчани си дишат саѓи, а проблемот не е ниту на повидок да се реши.
Дали некогаш ќе се најде маж и институција да го реши овој проблем?!