Фондот за пензиско и инвалидско осигрување во Неготино, Прилеп и Кавадарци доби нова табла. Покрај она „Северна“, новиот напис на институцијата го краси и превод на албански јазик. Ова се случува во градови каде бројот на жители од албанска националност искажан во процент е 0,01 отсто!
Неготино
Ништо поразлична не е ситуацијата во Прилеп и Кавадарци.
Своевремено, лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, се чудеше кој тоа ќе спроведе двојазичност на територија на цела Македонија.
-Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени до каде забегаа, зборуваше Заев.
Заев: Кој бе ќе спроведел двојазичност ? pic.twitter.com/xPSP8I8ZQs
— Мартиан (@MartianFromMKD) January 14, 2019