Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас денеска се се обиде да ѝ даде помало значење на изјавата на американскиот престедател Доналд Трамп кој ги поздрави напорите на Македонија за влез во НАТО, а особено по нападите на опозицијата, дека Грција ги продала македонскиот јазик и идентитет.
Зборувајќи за Реал ФМ, додаде Коѕијас рече дека „за жал, 3/4 од државите во светот ја признаа соседната земја како Македонија која за среќа по нашиот договор ќе стане Северна Македонија“.
Коѕијас не пропушти да „предвиди“ дека по ратификацијата на Преспанскиот договор, Американците ќе почнат да ја нарекуваат ПЈРМ како ‘Северна Македонија’. Ако и нашата влада, додаде тој, „штом процесот ќе заврши, ќе биде викана од страна на Американците Северна Македонија. Затоа велиме дека го зедовме името назад, а не дека го предадовме“, вели Коѕијас.
Тој, исто така, изјави дека „ние никогаш немавме барање за македонскиот јазик, Александар Велики не зборуваше македонски, туку (филозофот и учител –н.з.) Аристотел му зборуваше на грчки јазик, а од 1977 година грчката влади во ОН го призна македонскиот јазик, а дури и во 50-тите години, грчките влади на свој начин го препознаваа јазикот како македонски “.
Осврнувајќи се околу македонскиот премиер Зоран Заев, кој постојано зборува за „македонски јазик“, Коѕијас рече дека тоа го прави во прилог на успешен референдум во дебатата во којане доминира фактот дека тој го менува името на неговата земја.
„Тоа е втора земја во историјата на Европа која го менува своето име“, додал министерот Коѕијас како што пренесуваат грчки медиуми.
Извор: infomax.mk