(Фејсбук статус на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов)
“Очајот на опозицијата.
Изненаден сум од аматеризмот на опозициската дпмне, од немањето грам државност, политички сенс во време на најголема трпеливост на граѓанството.
Граѓаните тоа го препознаваат и соодветно политички ќе реагираат.
Да се разбереме патот на интеграцијата го трасира СДСМ, дпмне на секој можен начин се обиде да го уништи и не успеа.
Направените реформи од владата на СДСМ никој не ги оспорува, напротив сите ги поддржаа.
Јас сум сеуште оптимист за процесот, но што и да се случи, совеста ми е мирна оти во ова време како одговорни политичари направивме се, за да бидеме во овој процес.
Огромни се разликите.
Ние сме на страната на прогресот, развојот, перспективата.
ДПМНЕ е заглавено во обидите на секој можен начин дури и во такви важни моменти за државата, да си ги заштити криминалците во своите редови, играјки си со емоциите на граѓаните”.