Концерт на унгарски танци пред ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

На 6 август 2021 / петок/ од 20.00 ч. пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Концерт на унгарски танци, во рамки на меѓународната соработка на Центарот.

Ќе настапат оркестарот Духај и фолклорната група Талентум.
Концертот е во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија Теледом, Амбасадата на Унгарија во земјава и Националниот Совет на Унгарците.

Оркестарот Духај е составен од талентирани музичари и е дел од меѓународниот проект Colourful Cooperation, кој се финансира од ИПА програмата.

Оркестарот негува автентична фолк музика и учествувал на бројни концерти, фестивали и е дел од танцови продукции. На натпревари се претставува со темаски претстави. На концертот во петок ќе настапи со фолклорната група Талентум.

Проектот Colourful Cooperation е динамична соработка меѓу населението од Унгарија и Србија во пограничниот дел, преку кои се пренесува културната разновидност на еден од најинтересните региони во Европа, каде заедно живеа многу нации, чувајќи ја својата традиција и култура.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.