Концерт на “Трио Џентлемен” во Прилеп

На 05.03.2020 (четврток), со почеток од 20:00 часот, во киното “Мис Стон” во Прилеп, ќе се одржи поп класичен концерт со “Трио Џентлeмен”. Влезот за концертот е слободен.

“Трио Џентлемен” е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор.

Поп-класичнито пеење е веќе познат жарн низ светот, триото е создаден по урнек на веќе познати светски поп-класични состави кои веќе подолг период го изведуваат овој жарн на музика.

“Трио Џентлемен” е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава.

На нивниот репертоар се наоѓаат најголеми светски поп хитови, наполитански канцони, латино композиции, руски романси,македонски евергрини, балкански поп композиции…..и сето тоа изведено во поп-класичен манир.

Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново, нешто не видено и слушнато на нашите простори.

Различни од другите ги прави тоа што на нивните настапи прават спој на оперското пеење со различни жанрови, и сето тоа изведено во еден нов и специфичен звук,тризвук итрепетиран од тројца оперски пеачи.

За ова кратко време колку што постојат (околу 6 години) имаат настапувано со целовечерни концерти и друг тип на настани во повеќе градови во нашата држава, но и надвор од нашите граници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.