Концерт на женскиот хор “Керамија” вечерва во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков”

По повод најголемиот христијански празник Велигден, хорот „Керамија“ вечерва / 6.04 – понеделник/ во фоајето од 19 часот ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени тропари во византиски напев, литургиски песни од источната и западната
христијанска традиција, како и духовна и световна хорска музика. На програмата се дела од С.Мокрањац, Д.Бортњански, Nectarios of Aegina, Ola Gjeilo и други значајни композитори.

Женскиот камерен хор „Керамија“ е формиран на 11.01.2023 година во Прилеп, по иницијатива и под диригентската палка на Катерина Попоска. Хорот е составен од професионални музичари и аматери – ентузијасти и љубители на хорската уметност.

Во изминатиот период, постепено, но сигурно, се афирмира како значаен чинител во хорското пеење, придонесувајќи за развој на нова и современа хорска пракса во градот под Марковите кули. „Керамија“ на повеќе наврати успешно реализираше проекти во кои беше домаќин на хорови од други градови во Македонија. Хорот има остварено успешни и наградувани настапи на натпревари, како и бројни ревијални концерти низ земјата. Моментално, хорот брои девет членки. Ане Гембеш Чесноска, Оливера Цветаноска, Катерина Талеска, Ангела Иваноска, Билјана Црвенкоска, Катерина Ангелеска-Димеска, Фросина Вандевска, Ивана Љоческа и Катерина Попоска хорист, уметнички директор, диригент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.