Концерт на Ана Бекута во Чачак: Демонстранти ја гаѓаа со снежни топки, таа продолжи да пее од комбе (ВИДЕО)

Дочекот на православна Нова година во Чачак помина со голем скандал на настапот на фолк-ѕвездата Ана Бекута. Додека пејачката се обидуваше да го одржи концертот, дел од насобраните демонстранти почнаа да фрлаат снежни топки кон неа, придружени со силен звук од вувузели и свирчиња.

Видно револтирана од попречувањето на нејзината работа, Бекута го прекина пеењето и директно им се обрати на напаѓачите: „Срам да ви е! Дали имате мајка? Дали имате сестра? Дали имате баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Нема повеќе да пееме и свириме“, викаше пејачката од бината.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, тензијата била толку голема што Бекута морала да се повлече од бината, а наводно настапот го продолжила пеејќи од комбето на музичарите. Причина за револтот кај дел од жителите на Чачак е високата цена на нејзиниот настап, кој наводно ги чинел граѓаните околу 40.000 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.