Конфедерацијата на слободни синдикати излезе на протест во Прилеп: Ова се нивните барања (ФОТО)

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска излезе на протест во Прилеп, барајќи зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор.

КСС бара и работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори и почитување на социјалниот дијалог.

– Почнуваме во Прилеп да го искажаме нашето незадоволство, но доколку не отпочат преговори за покачување на платите во јавниот сектор и додека не се откаже Владата од трансферот на вработени од јавниот во приватниот сектор, ќе продолжиме и понатаму, истакна претседателот на КСС, Благоја Ралповски на вчерашната прес-конференција.

Барањата, како што посочи, се доставени до надлежните министерства и до Владата, но досега нема никакви преговори. Од Синдикатот се пожалија на опструкции за утрешниот протест од страна на некои институции кои, како што рекоа, утре организираат обуки за вработените на кои присуството е задолжително.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.