Контроверзната историска комисија со Бугарија ќе оди на целосен ремонт

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска најави дека многу бргу ќе има кадровска промена во мешовитата историската комисија со Бугарија, без да изнесува детали. Според него, актуелната мешовита комисија не ги оправдала очекувањата и не била заштитник на националните интереси на македонскиот народ.

– Не, политичка позадина нема. Нормално е дека нова влада, нови луѓе коишто управуваат со новата влада, да има и кадровски промени. Не гледам тука што е страшно. Лично ако мене ме прашувате за мислење мислам дека актуелната мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ. Инаку, да – логично е кога имате нова влада да има и промени во одредени институции, не гледам тука зошто би имало политика, изјави Мицкоски, која беше на манифестацијата по повод роденденот на Мајка Тереза.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Комисијата е составена од историчари и професори од двете земји, а македонскиот тим го предводи академик д-р Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и професор на Институтот за национална историја (ИНИ) на УКИМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.