КОМФИ АНГЕЛ ПРИЛЕП, ПРИМЕР ЗА РАБОТЕЊЕ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

1896959_904035989687143_884259814759863848_n

Малкумина говорат позитивно кога ќе се спомене некоја текстилна конфекција. Реткост е вработените да се пофалат со убави услови за работа, одличен однос од менаџментот и сопствениците на ваквите производствени капацитети. Но кога се говори за компанијата Комфи Ангел од Прилеп, сите вакви негативни коментари паѓаат во вода. Оваа компанија којa успешно работи и продуцира во нашиот град, вработува повеќе од 1000 луѓе и се грижи за нивните потреби, нивното задоволство, ги цени и наградува сите залагања на своите вработени. Компанијата претставува странски капитал и своето производство во најголем процент го извезува на странски пазари. Она што ја прави лидер во својата работа е огромната посветеност, одличните човечки ресурси, како и вредна и мотивирана работничка рака.

Карактеристично за оваа компанија е општествено одговорната свест, па така во текот на своето работење, компанијата Комфи Ангел има реализирано многу соработки со невладиниот сектор, многу хуманитарни акции, меморандуми за соработка, реализирани проекти за кревање на претприемачкиот дух кај младите во средните училишта и факултетите и.т.н.

11952050_876395959117813_6776561707124894962_n

11873626_876395955784480_5211826256890765419_n

11896189_876395945784481_7104968738738484379_n

Тоа сето говори за отвореноста и достапноста на оваа компанија, како и подготвеноста да се помогне секоја манифестација, настан, да се подигне некоја свест, да се истакнат човековите вредности, да се докажи дека компаниите и фирмите не се тука само и само да остварат приходи, туку дека тие се главните двигатели на општеството, и дека компаниите треба да им возвратат на оние кои работат во нив и за нив.

1928302_935221376568604_2119655363075524215_n

1923394_935221369901938_360922840921743389_n

Еден таков настан компанијата Комфи Ангел организираше во месец ноември 2015 година, кога дел од своите производи, перници и постелнини, на градскиот плоштад Методија Андонов Ченто во Прилеп, ги пласираше по пониски цени, а собраните парични средства ги намени за Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во РМ, – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА.

12246798_918755961548479_2475176830612720503_n

12249697_918756044881804_1760763218403196549_n

12241727_918755951548480_2889376540507661244_n

Оваа акција беше прифатена со огромно задоволство од сите граѓани и предизвика огромна масовност.

Генерелниот менаџер Ирена Јакимовска, е главниот столб и двигател на компанијата кон успехот што го остварува. Нејзините постојани ангажмани, работни средби, предавања, ја прават личност од која треба да учат најдобрите студенти и сите оние кај кои постои претприемачки дух и смисла за бизнис треба да ги следат нејзините чекори.

12295233_921867984570610_2837838861053499457_n

Дека сето погоре кажано е вистина говори и фактот што Комфи Ангел измината година беше наградена и со две престижни награди во Лондон од Асоцијацијата „RSM international at European Business Awards“. Прво место освои за национален шампион за увоз-извоз и второ место за увоз-извоз на европско ниво, во конкуренција на десет компании.

11412415_837356593021750_4895692569061802066_n

Грижата кон вработените ја докажуваат со организирани Тим Билдинг викенди, трибини во соработка со реномирани професори, што ретко која компанија го прави. На ваков начин се издигнува секако мотивацијата, се намалува работниот стрес, се вложува во своите вработени и се зголемува нивната продуктивност при работа.

12122820_904035693020506_6843808170364922320_n

1896959_904035989687143_884259814759863848_n

12347954_929629187127823_7191651127165602064_n

12373367_929629197127822_7845893409528553061_n

Во 2013 година, вработените од Комфи Ангел ја направија најголемата перница во светот, и ја внесоја компанијата и Прилеп по втор пат во Гинисовата книга на рекорди.

Ова е мал дел од една успешна сторија која постои 11 години, постојано чекори кон напредок, постојано насочена кон освојување на нови пазари, на зголемување на производствени капацитети, мал дел од успешната сторија Комфи Ангел.

10929216_761472333943510_5689742084661456876_n

10929084_761472287276848_5940854467710367938_n

Посакуваме само едно, ваквите трендови на комуникација, соработка, отвореност и посветеност да се пресликаат и на другите компании, особено на оние кои работат во текстилната гранка на индустријата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.