(Фејсбук статус на навивачката група “Комити”)
“Ретко Комити се замешувале во политички прашања, иако во минатото многупати имаше обиди за злоупотреба на групата за политички цели.
Воопшто сме избегнувале да излегуваме со став околу било кои политики затоа што нашата група е надпартиска и нашите цели и идеали се над дневните политики и случувања. Понекогаш сме дебатирале но никогаш не сме излегле со единствен став за тие дневни политики затоа што едноставно тоа не ни годи, но и не сме имале таква потреба.
Лани ова време кога се почувствува дека Македонија е земја под окупација од оние кои имаат за цел да владеат со светот, другите да им се потчинети, а Македонците бидат проект експеримент за самоукинување од она што сме, од она што не прави посебни и со она што се идентификуваме, ние имавме единствен став за #Бојкот на тој т.н референдум за самоукинување. Јавно беше соопштен нашиот став и на терен активно учествувавме за освестување на што е можно поголем дел од народот за да не потпадне под медиумската пропаганда која ја таргетираше совеста на Македонецот.
Обезличување на совеста, да се одбере прифатлив слоган (За Европска Македонија), кој ќе биде параван за оној којшто реално беше поставен пред нас и подоцна увидовме дека се спроведува.
Се спроведува суптилно и на секое ниво, се создава клима дека чувството да си Македонец од Македонија е револуционерно и радикално.
Ние одолеавме, нашиот став беше и е конзистентен, нашата одлучност непроменета, нема друго име оваа земја во која сме се родиле, живееме и ќе умреме. Нашето скандирање и нашите песни се општоприфатени како слоган на отпорот ‘Никогаш Северна Само Македонија’ !
Понижувачкото обезличување од оние кои беа задолжени да ги омекнат последиците од таквата штета направи уште повеќе да се осознаеме и да се идентификуваме со Македонските национални симболи.
Прашањето е национално, не е политичко, па затоа националните симболи никогаш предходно не биле толку општоприфатени како што се сега, а звездата на Кутлеш никогаш не светела посјајно низ сите Македонски градови, села и секаде каде што живеат Македонци. Затоа нека се виорат Македонските знамиња, нека се истакнуваат Македонските симболи, нека се пеат Македонските песни, Македонија е жива, слушате ли Македонци !?!”