Навивачката група на Вардар заедно со други навивачки групи и граѓани на 7 јануари на Божиќ организираат пасивен отпор против сите неправди против македонскиот народ со “аудиопротест” во кој можат да се вклучат сите граѓани.
Христово Рождение – Божиќ, каде и да си дома да си…
Поучени од пресветото монашко братство и нашата Православна Црква да не дејствуваме никако освен пасивно за време на постите посветени на Христовото рождение – Божиќ, ги прифативме сугестиите и како добри христијани лутината ја чуваме во себеси и бараме начини да ја пронајдеме прошката за оние кои и во наше име се самопрогласија за кумови на нашата мајка…
ОТПОР Македонци !!!
Ова не е повик до Комити, ние сме секако тука, ова е повик до целиот Македонски народ заедно со нас да го повтори својот став изразен на денот на Победата, 30 Септември, денот кога се уверивме дека колективната свест е жива, бајракот на Слободата сеуште гордо се вее, идеата за Македонија е вечна, не умира!
Придружете ни се, бидете заедно со нас и вие Комити и Војводи, макар на момент!
Почувствувајте го адреналинот кој поминува низ нас додека ги пееме нашите песни, додека гордо стоиме на браникот на татковината, додека умираме но не се предаваме !
Почувствувајте го нашиот инает, нашата упорност доследно да ги следиме тврдокорните идеали на нашите предци кои до буква и до запирка сеуште стојат исто напишани, непроменети, не еволуирале затоа што не еволуирала ниту идеата за нашето уништување…
Излези момче право на тераса и поздрави ја Гоцевата раса!
Излезете на тераса со шерпите за ајвар, тенџерињата од лутеницата и малиџаното, со кутлачите, истите оние кои ги употребивте веќе еднаш…почекајте, сеуште имаат употребна вредност, но чувајте ги, ќе вредат уште повеќе, чувајте ги затоа што ќе бидат музејски експонати од ендемски вид, единствени историски примероци каде при целото модерно вооружување достапно и на располагање Македонците својата конечна победа ја извојуваа со тенџериња и кутлачи! Нема поинаков начин, не смее никогаш повеќе Македонец да крене рака на Македонец, Македонски куршум да погоди Македонец, не смее Македонска мајка да плаче затоа што изгубила свое чедо во братоубиствена војна…
Никогаш повеќе!
ЧУКАЈТЕ МАКЕДОНЦИ!!!
Чукајте најсилно што можете, чукајте и почувствувајте го олеснувањето, чукајте и сетете се дека тоа го правите за Македонија, повторувајте си дека кога требало сте направиле нешто, сте направиле и вашиот став да биде слушнат, од дома, од вашата тераса, заедно со вашите најблиски…Чукајте но на момент намалете го интензитетот за да ги чуете вашите истомисленици, вашите браќа и сестри Македонци кои како вас чукаат, и продолжете, не запирајте…
Почувствувајте како целото тело ви се наежува, како стравот преминува во храброст, како солзите доаѓаат, тешко се држат, капат а притоа чувствувате радост, храброст и гордост, се препознавате себеси, и вие сте Комита како и ние, а можеби и уште поголем Македонец, најубаво е чувството на Слободата!
Слушнете ги тие звуци убаво затоа што тие вредат многу повеќе и од најубавата симфонија, помилозвучни се затоа што се творештво на срцето, како поезија, како најорганизираниот оркестар кој спонтано создава уметност…Доколку слушате убаво ќе го препознаете седум-осминскиот такт кој оваа земја го произведува и емитува силно до целиот свет…
Не им ја одземајте радоста и на вашите деца, дајте им и ним тенџере и лажица, и тие нека тропаат, силно, непрекинато, нека низ нивната радост и искреност биде искажана нашата заедничка радост и болка…Ќе знаат еден ден дека и тие се творци на нашата заедничка победа, ќе бидете горди на нив, но и тие на себеси, нека бидат хероите кои ја ослободиле Македонија…
Исплачете се, викајте силно, нека плачот и лелекот бидат чуени од неа, нашата стара лулка, нашата една мајка, која сите нас не родила…Онаа која ‘од Вардар, Пирин, дур до Солуна, име и е МАКЕДОНИЈА’…
Тропајте за да знаеме колку не има, за да знае и таа, наша мајка колку е сакана, нека чуе и нека знае дека само таа ти ни остана, НЕМА ДРУГА МАКЕДОНИЈА !!!
Да го направиме ова заедно, да видиме што можеме доколку сме сплотени и единствени!!!
Христово Рождение – Божиќ, 7 Јануари, ТОЧНО ВО 21:00ч.
Каде и да си, дома да си…ЧУКАЈ За МАКЕДОНИЈА!!!
ОВА Е НАШИОТ РЕФЕРЕНДУМ!!!
#Отпор#НикогашСевернаСекогашМакедонија
Фејсбук статус на фејсбук страната на навивачката група Комити-Скопје