“Комитите му одговорија на Заев и СДСМ?!” (ФОТО)

Транспарент со „Северна никогаш, Македонија секогаш“ се рашири на трибините на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Пораката ја испрати навивачката група „Комити“ за време на дуелот меѓу Вардар и Пјуник во реваншот од првото коло во Лигата на Европа.

Претходно, точно на 21 минута од натпреварот, тие го развеаја ликот на Никола Саздановски, 21-годишното момче кое почина по неколкудневна кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.