Комисијата ќе нема многу работа – Од цел Прилеп се пријавиле само двајца за да вршат контрола на прилепски Водовод

Во општина Прилеп денеска се спроведуваат интервјуата од јавните повици за избор на нови членови на Управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Од огласната табла на веб сајтот на општина Прилеп, може да се забележи дека за дел од Управните и Надзорните одбори има голем интерес, но има и такви каде се пријавени двајца или тројца кандидати – што покажува дека прилепчани не се баш заинтересирани да учествуваат во управувањето на јавните претпријатија.

Сомнеж, недоверба во првите луѓе, или неверување дека ќе бидат избрани, имајќи во предвид дека партиската припадност е често клуч во изборот…?

Интерес особено нема за Надзорен одбор во ЈКП Водовод и канализација, каде се пријавени само двајца кандидати, и двајцата продолжуваат на интервју. Се чини дека никој не е заинтересиран да врши контрола врз материјалното и финансиско работење на претпријатието.

Документите од селекцијата се јавни и можат да се погледнат ТУКА

Прашањето кое се поставува е ако граѓаните немаат интерес, или имаат сомнежи, тогаш како партиите со толку големо членство не можат да најдат луѓе со интерес и кадар меѓу своите редови?

Документите од административната селекција за сите управни и надзорни одбори, можете да ги погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.