Колачи со пиво – пиварки, едноставно неодоливи

Прво со вино, па потоа со пиво, па одберете што е подобро. Но, едно е сигурно, и едните и другите се вкусни, меки, се топат во уста. Еве за што се работи:

Состојки:

1 кг брашно
2 шолји масло
3 кафени лажици гриз
1 кесичка пециво
450-480 мл. пиво

За фил:

ореви или лешници, шербет, 2 шолји шеќер, 2 шолји вода,

За посипување:

100 гр. кокос

Подготовка:

Од горе наведените состојки, се замесува тесто, а количината на пиво зависи од тоа колку прима брашното кое го користите. Добро преработете го тестото и направете топчиња, а во внатрешноста на секое топче ставете лешник или орев. Печете во премачката тепсија на умерена температура. Додека колачите се печат направете шербет. Испечените колачи откако малку ќе се изладат потопете ги со шербетот. Нека останата така малку, па потоа посипете ги во кокос.

Добар апетит!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.