Коки портпаролот скенирал сметки и си купил мотор од 20.000 евра?

Значи сите се подновени да не ги мислите! 33 со вила на Егејско, КК со нов мотор од пред десетина дена, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој сподели фотографии од неговиот колега од спротивниот табор, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и неговото ново возило.

-Што се 20.000 евра за Костадинчо? Дукати од речиси 18.000 €, со целосна додатна опрема, од кои само куферите се 600€. И исто како и Интрудерот, стариот мотор, ни овој нема да го најдете пријавен во ДКСК! Што има врска што има криза и 40.000 нови невработени, што има врска што речиси уште толку се со плата/пензија под 15.000 денари, што има врска што колабира здравство и образование, нели? Бандитите мора да уживаат, порача Стоилковски, додавајќи „УА мафија“, напиша на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.