,,Релативно Нов бенд” е едногодишната изрека на РИПЛЕЈ, која веќе прераснува во ,,познат бенд” на музичката естрада. Двајца млади талентирани момчиња кои ги споија саксот и гитарата оставаат траг ширум Македонија. Станува збор за вокалистот, а воедно и гитара Никола Велиновски од Македонска Каменица и саксафонистот Столе Коцев од Струмица. Риплеј неодамна го прослави својот втор роденден а, досега за нивниот ангажман и труд можеме да видиме и официјално на нивната фан страна. На кратко, како дел од преработка односно, ковери на РИПЛЕЈ ги издвоивме : Кад Ходаш-Бора Чорба, Кучето мое-Студени нозе како и познатата Туѓа си бескрајно-Ефто Пупиновски. Имено, овие песни се дел од репертоарот на РИПЛЕЈ кои ги пејат и забавуваат фановите во локалите низ Македонија. Во овој контекст мора да напоменеме дека бендот покрај Никола и Столе , знае да се појави со повеќе членови. Од еден крај до друг, од исток па до запад РИПЛЕЈ станува речиси главна тема на ноќните локали. Со својот континуиран труд , чекорот до успех е неизбежен за бендот. Нивното мото е бендот –Never stop ! . Точно, забележително РИПЛЕЈ често изненадува со нешто ново и привлечно,па затоа наскоро се очекува уште една песна (преработка) која ќе не врати во 90-тите години.
“Replay” – со нова песна ,,Така случајно’’
Спојот од звуците на гитара и саксофон кои ја откриваат милозвучноста и, по малку, заводливата страна на македонската поп-музикa, ја создадоа новата песна ,,Така случајно’’. Песната е со брзи елементи и невообичаена ,која со сигурност ќе се допадне и пробие меѓу слушачите на македонската музика и ке стане дел од вашето секојдневие. Релативно новиот бенд “RePlay” ја промовираат својата прва авторска песна, која со сигурност ке заземе добар дел од вашите срца. Во соработка со секогаш оригиналниот Бојан Трајковски (Eye Cue) и ,,Inovativa group’’ направија нешто што ке остави траен белег на македонската музичка сцена.