Кое место во авионот е најбезбедно?

mal-avion

Летот со авион се смета за еден од најбезбедните начини на патување. Но несреќите сепак се случуваат, а местото на кое што седите во голема мерка може да ги зголеми шансите да преживеете без поголеми последици.

Магазинот „Тајм“ направи детална анализа на 17 авионски несреќи во последните 30 години за да открие кои места се најсигурни во авионот. Изненадувачки, за најсигурно место во авионот се смета средниот ред во „опашката“ на железната птица.

Средината на авионот низ историјата се покажала како најфатална за дел од патниците. Смртноста во предниот дел од авионот изнесува околу 44 отсто во однос на страничниот дел од авионот каде таа е само 28 отсто, истакнуваат во магазинот.

Исто така како сигурни се сметаат и двата реда што се најблиску до излезот во случај на опасност, со оглед на тоа дека патниците на овие места имаат можност најбрзо да излезат од авионот.

Секако, секогаш треба да се почитуваат протоколите за безбедност во авионот и да се врзете со сигурносен појас каде и да седите.

Во магазинот истакнуваат дека споменатите места не ги спречуваат повредите и смртноста, туку се покажале како „најсреќни“ во последните три децении на авионските несреќи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.