Секои четири години Светското првенство во фудбал, покрај возбудата која ја носи на терените и трибините, постои уште една магија која го зафаќа целиот свет.
Се работи за албумите со сликички на “Панини” кои како и секогаш и за ова Светско првенство носат посебна магија, особено за најмалите.
Додека децата во светот ги собираат и лепат, Педро Енрике, 8-годишно момче од Бразил, направи нешто сосема посебно.
Неговата мајка не можела да се дозволи и да му го купи тој подарок, па малечкиот Педро ја искористил својата креативност и умешност да дизајнира свој албум и да го нацрта секој фудбалер.
Во такви околности, момчето започнало да ги црта сите играчи, откако ќе ги видел оригиналните сликички во албумите на неговите другарчиња. Момчето успеало да нацрта 126 играчи.
Shout out to Pedro Henrique Blanco Arouca from São Paulo, who drew his own Panini stickers. We want to send this talented kid some real ones. Where can we find you?#Brazil #Brasília #Brasil #figurinhas #BRACRC #HelpUsFindHim #Firmino #CopadoMundo #cbf @cbf_futebol #WorldCup pic.twitter.com/mWZy6CE9ux
— Onefootball (@OnefootballEN) June 22, 2018
Неговиот талент сепак бил ценет. На крајот момчето добило оригинален албум и сите сликички како поклон, но без сомнеж неговиот албум е најдобар на сите Светски првенства.