Кога и кој го проектирал “Паркот на револуцијата во Прилеп”, а еве и што значат скулптурите во паркот

Паркот на револуцијата со Алејата на народните херои и со Могилата на непобедените е грандиозното дело, во чиј уметнички дел се вложил славниот архитект Богдан Богдановиќ.

Покрај криптата на могилата со моштите на стотици паднати прилепски борци, алејата со бистите на десетте прилепски народни херои и седумте фигури во антички стил од бел мермер, од кои едната е поголема и го симболизира непокорот на градот и храброста на шесте скултури да го урне и победи далеку помоќниот непријател, авторот на паркот на револуцијата на главниот влез проектирал и две скулптури на работник – пролетер.

Десната статуа се поставила при почетокот на уредувањето и требало да се постави и левата. Но, од непознати причини левата фигура не стасала во Прилеп. Со времето локалните функционери и преживеаните борци ја сметнале и веќе поставената фигура.

Инаку, Богдановиќ напиша дека не сака да создаде мегаломански високи кули за симболизирање на слободата, жртвите и победата, туку да ја воздигне народно ослободителната борба со импресивна имагинација во мермер и со антички елементи, несвојствени за социјалистичкиот период.

Како и да е, паркот на револуцијата денес блеска во ново модерно издание. Градските власти темелно го преуредија просторот и го претворија во атрактивна локација.

Збогатен е со нови содржини и архитектонски решенија. Станува попривлечен не само за прилепчани, туку и други намерници, кои се поклонуваат на останките од борците, кои положуваат цвеќе на бистите на хероите, кои ги плакнат очите во зеленилото и водите на фонтаните, кои се одмораат по сенките и шеткаат по уредените патеки или уживаат во глетката на рајската градина со птици или пак рекреираат на спортските терени. Слично како некогаш кога паркот бил собиралиште на младите, кои биле авангарда на градот.

Извор: “ЗЕНИТ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.