Кога жените водат – општеството расте! Васе Стефаноска, лидерка со визија за современ Прилеп

Васе Стефаноска е носител на советничката листа на „Коалицијата за успех“ предводена од Либерално Демократската Партија, за Советот на општина Прилеп.

Таа е жена која носи нова енергија, искрен пристап и конкретни решенија за развојот и просперитетот на нашиот град.

Со над 20 години искуство во осигурителниот сектор, а по струка дипломиран инженер агроном, Васе е пример за посветеност, упорност и професионализам.

Луѓето ја знаат – затоа што е блиска, достапна и искрено заинтересирана за проблемите на граѓаните.

Заедно со кандидатот за градоначалник Жарко Бошкоски, Васе ја претставува визијата за еден нов, модерен и урбан Прилеп – град кој се грижи за секој човек.

Нивната програма вклучува решенија кои значат подобар живот за сите, од кои издвојуваме:

-Субвенции за возачка дозвола за сите млади во Прилеп.
-Нова атлетска патека долж кејот, од мостот Табана до мостот кај Димо Наредникот.
-Почист воздух и повеќе зелени површини – преку 10 нови мерни станици, нови велосипедски патеки и субвенции за еколошко затоплување.
-Бесплатен современ коворкинг простор за млади ИТ фриленсери – со брз интернет, топол амбиент, конференциска сала и обуки.
-Прилеп со најголем број зелени метри квадратни по жител – град кој дише и се развива.

Гласот за Васе Стефаноска е глас за одговорна локална самоуправа – во служба на сите граѓани, затоа што знае како, има решенија и верува во Прилеп што чекори напред.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.