Македонската женска репрезентација без поголеми проблеми славеше убедливи победи над Азербејџан, Исланд и Турција во квалификациската група за пласман во баражот за СП.
Избраничките на Симе Симовски на сите три меча беа на посакуваното ниво и не им дозволија на противниците да помислат на нешто повеќе од пораз.
Мундијалот ќе се игра следната година во Јапонија, а противникот ќе го добиеме на 16 декември и тоа ќе биде една од репрезентациите што во моментов играат на ЕП во Франција.
Успешно одиграниот квалификациски турнир и пласманот во бараж заслужи добра прослава, а соблекувалната на ракометарките ечеше со песни. Погледнете во видео прилозите….
ВИДЕО: “24 Ракоме.мк”