Ковачев: “11-ти октомври да си го празнувате некој друг ден”

Европратениот Андреј Ковачев во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека 11-ти Октомври треба да го одбележуваме на друг ден.

„Да се обединиме како најблиски народи. Пред малку ви кажав мојата изјава е за разбирање, добрососедство, дека вие имате право како сакате да се самоидентификувате и право на јазик кој сакате да го зборувате. Со тоа е пружена рака кон вас. Вие сега сакате да дебатираме за 11-ти октомври. Ве прашувам што се случило на 11 октомври“, запраша Ковачев.

„Вие сакате да кажете дека на 11-ти октомври започнала борбата со фашизмот со ybиството кое се случило во Прилеп. Тоа е големата разлика и интерпретацијата која вие ја правите. Фашизмот е негативен и треба да има јасна антифашистичка борба, антинационал-coцијалистичка како и антикомунистичка, тогаш мислам дека ќе е апсолутно јасно“, вели Ковачев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.