Клубската витрина на ЏК Бушидо побогата за 7 медали и еден пехар

Џудо клуб Бушидо повторно учествуваше на Меѓунардониот џудо турнир Турија 2020 во Србобран кој се одржа на 1 март во неделата.

На турнирот имаше околу 500 натпреварувачи од Србија, Репблика Српска, Украина и Македонија. Од клубот се задоволни од успехот кој го постигнаа натпреварувачите, особено поради тоа што беа единствени како клуб од Прилеп и од Македонија.

Натпреварувачите од клубот се закитија со 4 бронзени и 3 сребрени медали.

ЏК Бушидо му додели плакета на домаќинот за соработка и поддршка на џудо спортот, а домаќините и доделија пехар на Теодора Ристеска за најмлад тренер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.