ВМРО-ДПМНЕ беше во процес на реструктуирање по ефектите на бомбите и истрагите на СЈО и воспоставување на новото раководство. Се чини дека процесот на консолидација е завршен, гледајќи ги пoддршките кои Заев ги има во СДСМ и Христијан Мицкоски кои ги има во ВМРО-ДПМНЕ, тој се издвојува како лидер на партијата, истакна аналитичарот Сашо Клековски во своето гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма.
-Само пред неколку месеци, во мај, Никола Груевски се уште имаше повисок рејтинг од Мицкоски, веќе тоа не е така. Сега е неприкосновен во својот табор и тоа се рефлектира кај етничките Македонци гласачи, вели Клековски.