Кирил Лазаров прогласен за најдобар десен бек во светот за 2016 година

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е избран за најдобар десен бек во светот според специјализираниот ракометен медиум „Handball-planet”.

 

lazarov_kiril-640x362

Тој убедливо ја победи конкуренцијата и уште еднаш потврди дека долго трае и доминира во европскиот ракомет.

Лазаров доби повеќе гласови од Ласло Наџи, Кжиштоф Лијевски и Алекс Душебаев. Во идеалниот тим покрај Лазаров се најдоа Уве Генсхајмер (ПСЖ), Микел Хансен (ПСЖ), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Тобиас Рајхман (Киелце), Хулен Агинагалде (Киелце), Андреас Волф (Кил) и Виран Морос (Барселона).

Микел Хансен е прогласен за најдобар ракометар за 2016 година.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.