Кирацовски преку Фејсбук се обрати до јавноста

На голем дел од јавноста им е чудно, а опозицијата е збуната што оваа власт, за разлика од претходната, не го штити криминалот, не ја гае корупцијата и не рекетира, туку ги лови криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се, изјави Александар Кирацовски, доскорешен генсек на СДСМ и актуелен пратинк на истата партија.

-Добро е што започна истрагата, за да се расчистат шпекулациите, озборувањата, претпоставките и предрасудите кои се развиваат тогаш кога не се делува. На крајот, се излегува на виделина – сите злоупотреби, а одговорност ќе има. И нема да има компромис. Правдата и законите мора подеднакво да гледаат кон секого. И нема да дозволиме оваа афера и фамата околу истата ни за момент да ни го оттргни фокусот од ловот на деценискиот криминал, корупција и рекет од кои државата и ден-денешен се опоравува, пишува Кирацовски на својот Фејсбук-профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.