Кирацовски: “Оваа беше рекордна година по нови вработувања и странски инвестиции”

Во 2018 година имаме рекорден износ на странски инвестиции. Само во првото полугодие од годината забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра. Ова меѓу другото го соопшти Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ, на денешната прес-конференција.

“Растеше индустриското производство и извозот.Невработеноста е намалена на 20,8 отсто и за првпат во државата има под 200.000 невработени лица.

Сериозно се инвестира и во инфраструктурата, во нови патишта, пруги, мостови. Преку сериозен инвестициски циклус, се градат нови и се реконструираат повеќе патни правци низ целата држава.

Зад нас е година во која беа обезбедени повеќе пари за земјоделците, се инвестираше во зголемен ученички и студентски стандард, во нова опрема во здравството.

Невработеноста очекуваме и понатму да опаѓа до под 20%. Економијата и инвестициите дополнително ќе пораснат со членството во НАТО и доближувањето до Унијата”, додаде Кирацоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.