Кинески работодавец сурово ги казнил вработените: Не ја исполниле нормата, па завршиле по гаќи на улица (ВИДЕО)

Жителите на кинескиот град Џангмен биле шокирани кога виделе како 30 работници вработени во одделението за продажба на една кинеска компанија, трчаат полуголи низ улиците на градот.

Тие биле казнети затоа што не ја оствариле очекуваната заработувачка.

“Ја прифаќам оваа казна која ми ја одреди фирмата во која работам”, рекол еден од мажите.

Жените вработени во истата фирма не биле принудени на ова срамно дефиле, но затоа за казна морале да прават склекови.

Според член 88 од кинескиот Закон за работни односи, работодавачите не смеат да се служат со такви мерки. Но, изгледа дека тоа не ги спречува јавно да ги понижуваат работниците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.