Кинеската Амбасадорка воодушевена од убавините и од пречекот во Крушево

Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, домаќин на амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија.

-Денеска имав чест и задоволство да остварам средба со Н.Е. Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија.

На средбата разговаравме за можностите за продлабочување на соработката помеѓу нашата општина и пријателската Кина, особено во областа на економијата, туризмот, културата и образованието.

Ја запознав амбасадорката со потенцијалите и развојните планови на Општина Крушево, како и со нашата подготвеност за воспоставување нови партнерства и иницијативи од заеднички интерес.

Убеден сум дека ваквите средби претставуваат значаен чекор кон зајакнување на меѓусебната соработка и отворање нови можности за локален развој.

Општина Крушево останува отворена за соработка со сите меѓународни партнери кои сакаат да придонесат за напредокот и благосостојбата на нашите граѓани, напиша Чонески на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.