Државните медиуми на Северна Кореја повторно ја потенцираа целта на државата да изгради нуклеарно оружје кое ќе биде способно да стигне до брегот на САД.
Медиумите соопштија дека во саботата Северна Кореја прикажала две нови интерконтинентални балистички ракети на воената парада одржана во чест на оснивачот на државата Ким Ил Сунг.
Во медиумите се наведува дека големата територија позната како САД, целосно може да биде изложена на превентивните удари на Северна Кореја.
Аналитичарите велат дека интерконтиненталните балистички ракети во Северна Кореја може да стигнат до копното на САД иако сеуште не се тестирани.
Ф.Г.