Светската здравствена организација испрати 900.000 долари поддршка за Северна Кореја.
Северна Кореја наведува дека во државата сеуште нема заразени од новиот вирус, но здравствените експерти тврдат дека тоа е неверојатно, пренесува Ројтерс.
Во Северна Кореја на сила стапија мерките во борба против вирусот, вклучувајќи го затворањето на границите и воведување на карантин за спречување на епидемијата.